Свет 15. мај 2020. / 13:42

„Аустриан ерлајанс“ не планира да остава празни места во авионите: Би било крајно непрофитабилно

„Аустриан ерлајанс“ не планира да остава празни места во авионите: Би било крајно непрофитабилно

Австриската авионкомпанија „Аустриан ерлајнс“ смета дека употребата на заштитни маски во борбата против ширењето на корона вирусот во авионите е посоодветна мерка отколку оставањето на средното место празно.

Како што изјави портпаролот на компанијата, Марлен Пирхнер, закажаните летови на австриската авиокомпанија се откажани до 31 мај. Авиокомпанијата го следи пазарот и во јуни ќе ги обнови летовите.

Блокирањето на средните места би било крајно непрофитабилно во финансиска смисла. Посоодветно е да се работи со маски и да не се оставаат слободни места за седење. Од гледна точка на животната средина, овој пристап ќе биде поддржан и затоа што во тој случај нема да мора да летаме почесто – велат од компанијата.

Компанијата-мајка на „Аустриан ерлајнс“, „Луфтханза“ веќе го прогласи носењето маски како задолжително за време на летовите, така што истото ќе треба да се спроведе и во „Аустриан ерлајнс“.