Свет 16. септември 2019. / 13:26

Атрактивната нарко дилерка од картелот на Ел Чапо е пронајдена мртва

Атрактивната нарко дилерка од картелот на Ел Чапо е пронајдена мртва

Клаудија Очоа Феликс, гламурозната дилерка на озлогласениот мексикански картел Синалоа, позната како Кралица Антракс, пронајдена е мртва.

За Клаудија се верувало дека е во самиот врв во хиерархијата на картелот Синалоа кој некогаш го водеше Ел Чапо, а мексиканските медиуми тврдат дека водела посебен одред на убијци наречен Лос Антракс, кој што ги вршел највалканите работи за картелот.

Откако беше уапсен првиот човек на картелот, Хозе Родриго Аречига Гамбоа, попознат како Чино Антракс, започнаа да кружат гласини дека Клаудија е една од лидерите. Таа го негираше тоа, а на Инстаграм во меѓувреме продолжи да објавува фотографии на кои позира со оружје и живее во неверојатен луксуз.

Наводно починала од предозирање, меѓутоа нејзината смрт и натаму ја следат бројни контроверзии. Членовите на нејзиниот картел и специјален одред наводно биле убедени дека таа е ликвидирана.

Од 2014-та година таа отворила профил на социјалната мрежа Инстаграм кој има дури 295 илјади следбеници.