Свет 14. декември 2020. / 23:17

АстраЗенека нема да ја тестираат вакцината против Ковид-19 на деца

АстраЗенека нема да ја тестираат вакцината против Ковид-19 на деца

Фармацевтската компанија АстраЗенека, нема да ја испитува вакцината против Ковид-19 на група на деца, како што планирале.

Во вториот дел од третата фаза на тестирањето, требало да учествуваат повеќе од 12 илјади деца постари од пет година, со дозвола од нивните родители, пренесува Б92, потпирајќи се на „Ројтерс“.

Сепак, на 10-ти декември компанијата се откажа од таа идеја. АстраЗенека не сакала да коментира за причините поради кои е откажано тестирањето.