Свет 01. март 2021. / 14:15

„АстраЗенека“ ги продаде своите акции во „Модерна“: Доста им е од ковид-19, ќе произведуваат други лекови

„АстраЗенека“ ги продаде своите акции во „Модерна“: Доста им е од ковид-19, ќе произведуваат други лекови

Британско-шведската мултинационална компанија „АстраЗенека“ го продаде својот удел на акции во „Модерна“ за повеќе од една милијарда долари. Трансакцијата се случува по растот на вредноста на акциите на компанијата, благодарение на пазарниот пробив на нејзината вакцина против ковид-19, пренесуваат светските медиуми.

Лондонски „Тајмс“ пишува дека не е познато кога точно „АстраЗенека“ го продала својот дел во „Модерна“, но се знае дека е планирано продолжување на соработката меѓу двете компании кога станува збор за производство на лекови за други болести.

„Модерна“, чија вакцина е одобрена за итна примена против ковид-19 во САД, соопшти минатата недела оти оваа година очекува продажба на нова вакцина во изнор од 18,4 милијарди долари.