Свет 27. јануари 2021. / 13:00

Астра Зенека го одложи состанокот со ЕУ за снабдување со вакцини

Астра Зенека го одложи состанокот со ЕУ за снабдување со вакцини

АстраЗенека одлучиле да го одложат состанокот со претставниците на Европската Унија до утре, пренесуваат светските медиуми.

Овие информации ги потврди министерот за здравство на Австрија Рудолф Аншобер, кој изјави дека преговорите помеѓу АстраЗенека и ЕУ, на барање на британско-шведската компанија, се одложена на еден ден, до утре.

Како што јавува Ројтерс на денешниот состанок требало да се разговара за снабдувањето со вакцини против Ковид 19.