Ирскиот активист и добитник на Нобеловата награда за мир во 1976 година, Марид Кориган Мекгваер, ги номинираше основачот на Викиликс, Џулијан Асанж и свиркачите, Едвард Сноуден и Челси Менинг за Нобелова награда во 2021 година, објави „Ирски тајмс“.
Во писмото до Нобеловиот комитет во Норвешка, таа изјави дека сите тројца индивидуално дадоа пример за храброст во разоткривањето на незаконските постапки на властите што доведоа до смрт на милиони луѓе.
Мегвајер истакна дека Асанж, Сноуден и Менинг ги ризикувале своите слободи и животи за јавно добро и дека колективно нивната жртва и несебичност е одлична демонстрација на големината на човечкиот дух, објави „Спутник“.
Асанж се соочува со максимум 175 години затвор за 18 точки во САД, Сноуден може да биде осуден на максимум 10 години затвор, додека Менинг беше осуден на 35 години затвор во 2013 година, но беше помилуван од тогашниот претседател Барак Обама четири години подоцна.
Менин подоцна беше осуден(а) на затворска казна во март 2019 година, откако одби да сведочи за нејзината поврзаност со Асанж, но една година подоцна беше ослободена со парична казна од 256 000 долари.