Свет 27. јули 2018. / 13:46

Асанж го губи азилот од Еквадор

Асанж го губи азилот од Еквадор

Џулијан Асанж најверојатно ќе мора да ја напушти амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што престојува во азил уште од 2012 година.

Расплетот на настаните почна минатата недела, кога претседателот на Еквадор, Ленин Морено, ја посети Велика Британија и се состана со официјални лица за да го заврши договорот според кој заштитата на Асанж би била укината, по што ќе биде предаден на британските власти.

Во 2012 година, основачот на Викиликс, беше обвинет за сексуално злостаување во Шведска. Иако судот се откажа од обвинението, Асанж верува дека штом ја напушти зградата, ќе биде екстрадиран во САД каде ќе биде сослушан во врска со активностите на Викиликс.