Свет 31. мај 2018. / 10:38

Асад: Сирија е близу до победа

Асад: Сирија е близу до победа

Москва го одвратила Западот од преземање разорувачки воздушни напади на Сирија минатиот месец, вели сирискиот претседател, Башар ал Асад, во интервју за „Раша тудеј“.

Тој смета дека Сирија е близу до победа во седумгодишната војна, наспроти непрекинатото мешање на САД.

„Со секое напредување на сириската војска и во политичкиот процес и во целата ситуација, нашите непријатели и наши противници, главно Западот предводен од САД и нивните марионети во Европа и нашиот регион, се обидуват да одат понатаму, поддржувајќи го тероризмот преку носење на уште терористи во Сирија или попречување на политичкиот процес“, рекол Асад.

Без надворешно финансирање на противникот, смета Асад, тие внатре во земјата би биле совладани за една година.

Вашингтон ги губи своите карти и може да се донесе на преговарачка маса, оцени Асад.