Свет 31. јули 2018. / 09:37

Aрмиите на Северна и Јужна Кореја на средба за намалување на тензиите

Aрмиите на Северна и Јужна Кореја на средба за намалување на тензиите

Генерали на армиите на Северна и Јужна Кореја се сретнаа денеска во граничното село Панмунџон да преговараат за намалување на тензиите меѓу двете држави.

Средбата е дел од мерките за враќање на довербата договорени на средбата на двајцата претседатели во април, и дел од пошироките активности координирани со Вашингтон.

Некои од мерките вклучуваат намалување на бројот на погранични патроли, како и на тешките артилериски орудија распоредени по должината на границата.

Северна Кореја има сконцентрирано илјадници артилериски орудија на границата, насочени кон јужнокорејската метропола Сеул.