Свет 29. октомври 2019. / 14:08

Аргентинецот Рафаел Гроси избран за нов генерален директор на МААЕ

Аргентинецот Рафаел Гроси избран за нов генерален директор на МААЕ

Аргентинецот Рафаел Гроси е избран за нов генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), која, меѓудругото, ја има задачата да ја набљудува примената на спогодбата за иранската нуклеарна програма, пренесоа француските медиуми.

Со обезбедување на квалификувано мнозинство во управниот совет за поддршка на Рафаел Гроси, МААЕ презеде решителен чекор кон изборот на свој генерален директор – напиша на Твитер фрацускиот амбасадор во Агенцијата на ОН, чие седиште е во Виена, Чавиер Стикер.

МААЕ се наоѓа во процес на избор на нов генерален секретар од јули годинава, кога почина дотогашниот директор Јукија Амано, потсетуваат француските медиуми.