Свет 06. август 2020. / 21:10

Апокалиптични прогнози на Бил Гејтс: По короната доаѓа нешто полошо

Апокалиптични прогнози на Бил Гејтс: По короната доаѓа нешто полошо

По вирусот корона, светот би можел да се соочи со уште полоша катаклизма која ќе влијае на животот на луѓето и на економијата, предупредува милијардерот Бил Гејтс во најновиот пост на својот блог.

Со години, Гејтс предупредуваше на потенцијална опасност од смртоносен вирус што може да однесе милиони животи и за глобална неподготвеност за пандемија. Повеќето луѓе само се мавтаа со тие предупредувања, мислеа дека тоа е сценариото на филм за катастрофи, но не и оние што би можеле да ги доживеат во реалниот живот. Ситуацијата со вирусот корона покажа дека Гејтс бил во право.

На својот блог оваа недела, Бил Гејтс предупреди на уште една голема опасност што на крајот може да стане погубна и поопасна од вирусот корона. Ова е многу актуелна тема последниве години – климатските промени. Губењето живот и пропаста предизвикана денес од пандемија во иднина може да биде предизвикана од климатските промени.

Гејтс дошол до тој заклучок врз основа на стапката на смртност од вирусот корона, која, како што напиша на својот блог, изнесува 14 лица на 100 000 луѓе. Поради порастот на температурата во текот на следните 40 години, се очекува истото зголемување на смртноста како кај короната. До крајот на 21 век, тие бројки ќе продолжат да се зголемуваат, па стапката на смртност од 14 треба да се зголеми на 73 лица на 100.000 луѓе. Но, ако се намалат емисиите на стакленички гасови, се очекува смртност од 10 лица на 100 000 луѓе. До 2060 година, климатските промени би можеле да станат смртоносни како COVID-19, а до 2100 година може да биде пет пати повеќе смртоносна, напиша Гејтс.

Економското влијание на климатските промени ќе биде како пандемија да се јавува еднаш на секои десет години, бидејќи трошоците направени како резултат на климатските промени и инвестициите ќе бидат екстремно високи.