Свет 17. ноември 2019. / 13:15

Анкети покажуваат намалување на бројот на приврзаници за независност на Каталонија

Анкети покажуваат намалување на бројот на приврзаници за независност на Каталонија

Независноста на Каталонија ја поддржуваат 41,9 отсто жители на таа шпанската покраина, додека 48,8 проценти се против, покажуваат резултатите од анкетата на каталонскиот Центар за истражување на јавното мислење.

Анкетата беше спроведена од 16 септември до 7 октомври, пред да бидат осудени каталонските сепаратисти, а испитаниците одговарале на прашањето „Дали сакате Каталонија да биде независна држава?“

Анкетата покажува дека бројот на оние кои бараат отцепување од Шпанија е во опаѓање, со оглед на тоа што пред референдумот во 2017 година, за самостојност биле 48,7 проценти од анкетираните.