Помалку од една година пред претседателските избори во САД во 2020, мнозинството од регистрираните избирачи сметаат дека Доналд Трамп најверојатно ќе го добие вториот мандат како претседател на државата, покажува најновата анкета на јавното мислење на американската редакција на „Политико“.
Анкетата, изработена во соработка со „Морнинг консалт“, покажува дека 56% од гласачите очекуваат претседателот да биде реизбран, вклучувајќи 85 отсто од републиканците и 51 отсто од независните. За споредба, повеќе од 35% од демократите го тврдат истото.
Повеќе од 8 од 10 избирачи велат дека се мотивирани да гласаат во 2020 година, а 69% од нив се „многу мотивирани“. Таквиот ентузијазам е присутен главно меѓу исзбирачите на демократите и републиканците. Или грубо, 3/4 од симпатизерите на секоја партија се изјасниле како „силно мотивирани“. И тој ентузијазам изгледа во перспектива ќе се манифестира на изборите.
-Перспективите за реизбор на претседателот Трамп изгледа предизвикуваат ентузијазам кај избирачите во целиот политички спектар. Нашите податоци покажуваат дека републиканците и демократите се еднакво расположени да тврдат дека се мотивирани и постои веројатност да гласаат на изборите идната година, изјави Тајлер Синклер, потпретседател на „Морнинг консалт“.
Анкетата е спроведена онлајн од 1 до 3 ноември на 1.983 регистрирани избирачи.