Капитализмот го погреба социјализмот. Капитализмот е далеку попопуларен од социјализмот во САД. Ова го покажува социолошка студија на „Fox News“.
Анкетата исто открива дека економскиот оптимизам се зголемува и процентот на Американците кои сакаат помош од Владата, е на најниско ниво од години.
Запрашани каква порака сакаат да испратат на федералната влада, половина (55%) изјавиле „оставете ме на мир“ во споредба со 51% во 2018 година и 54% во 2016 година. 1/3 (34 отсто) сакаат Чичко Сем да „да протегне рака“ во споредба со 41% минатата година и 39% во 2016 година.
57% имаат позитивен став кон капитализмот, а 25% имаат такво мислење за социјализмот. Некои конкретни групи е поверојатно да имаат позитивно мислење за социјализмот, вклучувајќи ги и оние кои се определуваат за либерали (50%), кои гласале за Хилари Клинтон (43%) и оние кои се на возраст под 30 години (36%) .
38% сметаат дека нивните семејства го оствариле американскиот сон, а 40% сметаат дека ќе го направат тоа. 18% одговориле дека не можат да го постигнат.
63 отсто се оптимисти за економијата, во споредба со 49 отсто во 2016 година.
Повеќето републиканци (72%) во споредба со демократите (47%) позитивно гледаат на капитализмот. 68% од републиканците во споредба со 30% од демократите мислат дека капитализмот дејствува на фер начин.
54% од демократите би побарале помош од Владата, додека повеќето републиканци (77%) би рекле „оставете ме на мир“.
Анкетата опфати 1.004 лица во периодот од 10-12 февруари 2019 година.