Свет 23. октомври 2019. / 12:02

Англија во шок: Пронајдени 39 мртви тела во камион кој пристигнал од Бугарија

Англија во шок: Пронајдени 39 мртви тела во камион кој пристигнал од Бугарија

Полицијата во градот Есекс откри камион натоварен со 39 мртви тела и го приведе возачот. Сите тела се на возрасни, освен едно кое е на тинејџер. Возачот (25) е од Северна Ирска и е приведен под сомнение за убиство, пренесуваат британските медиуми.

Ова е трагичен инцидент во кој голем број луѓе го загубиле животот. Нашата истрага е во тек и треба да покаже што впрочем се случило – изјави шефот на локалната полиција, Ендрју Маринер.

Според неговите зборови, се верува дека камионот во Англија пристигнал од Бугарија.

Во тек е идентификација на жртвите, но претпоставувам дека тоа ќе биде долготраен процес. Веруваме дека камионот е од Бугарија и дека влегол во нашата земја на 19 октомври – додал Маринер.