Свет 07. септември 2018. / 22:08

Англија: Во наредните 12 години би требало во целост да се искорени пушењето

Англија: Во наредните 12 години би требало во целост да се искорени пушењето

Англија во наредните 12 години би требало во целост да го искорени пушењето цигари со цел да ги спречи смртните исходи и да заштеди 900 милиони фунти на трошоците за лекување, изјавил шефот на англиската Јавна служба за здравје (NHS), Данкан Селби.

Тој додал дека намалувањето на стапката на пушење е најголемата работа која треба да се направи со цел луѓето да живеат подолго. Селби изјавил и дека помалку од пет отсто од луѓето во Англија би требало да пушат до 2030 година.

“Пушењето е зависност која бара медицински третман”
“На сите пушачи им треба помош за да се откажат од цигарите. На пушењето цигари не треба да се гледа како на избран животен стил туку како на зависност која бара медицински третман”, изјавил Селби.

Долгорочниот план на Јавната служба треба да се посвети на превенција од пушењето цигари и целосно искоренување на оваа навика до 2030 година. Исто така, овој план предвидува и мерки против дебелината и кардиоваскуларните болести.

Ниската стапка на пушење би спречила појава на рак, кардиоваскуларни и респираторни болести и значи заштеда од 890 милиони фунти годишно за “NHS”.