Британската влада спроведува масовна програма за тестирање на коронавирус низ Англија следната недела со цел да открие што е можно повеќе луѓе кои немаат симптоми на болеста, објави секретарот за здравство Мет Ханкок.
-Приближно третина од луѓето кои имаат коронавирус не покажуваат симптоми, насоченото асимптоматско тестирање и последователната изолација се многу ефикасни во разбивањето на синџирите на пренесување, рече Ханкок.
Велика Британија во петокот повторно објави рекорден број на случаи на коронавирус, бидејќи беа откриени нови 68.053 инфекции.