Германската канцеларка Ангела Меркел денеска е ставена во карантин, откако се сретнала со лекар чиј тест покажал дека има корона вирус, пренесува Асошиејтед прес.
Портпаролката на Меркел изјави дека германската канцеларка (65) била известена дека лекарот што го запознала е позитивен на корона, откако во неделата одржа прес-конференција најавувајќи нова мерка за борба против ширењето на вирусот.
Нејзиниот портпарол, Штефан Сијберт изјави дека Меркел во петокот добила превентивна вакцина против пневмококна инфекција.
Сеиберт рече дека Меркел ќе биде подложена на „редовни тестови“ во наредните денови и дека засега ќе продолжи да работи од дома.