НАТО мора да се фокусира на своето присуство на источното крило на Алијансата, со цел да се одбраниме од потенцијалната руска агресија, истакна германската канцеларка Ангела Меркел.
„Предизвиците за НАТО драстично се променија во изминатите години“ кажа Меркел, додавајќи дека руското припојување на Крим и присуството во источниот дел на Украина е показател дека е важно НАТО да се фокусира на сопствената одбрана.
Меркел рече дека фокусот треба да се постигне преку неопходни договори и присуство во централните и источноевропските земји.
Таа истакна дека НАТО секако има одговорен однос со Русија, додавајќи дека тоа е единствената причина поради која се уште се водат разговори во советот на НАТО.
Американскиот претседател Доналд Трамп во минатото ги критикуваше членките на НАТО бидејќи не одвојуваат доволно средства за одбрана, барајќи да одвојат по два отсто од БДП за таа намена.