Германската канцеларка, Ангела Меркел изјави дека политиката на НАТО за заштита на членките на Алијансата се однесува на сите земји, вклучувајќи ја и Црна Гора.
Меркел смета дека одредбата за заедничката одбрана е во основата на НАТО и тоа важи за сите членки, не само за големите или малите.
„Црна Гора направи големи напори за да стане членка на НАТО и драго ми е што е дел од Алијансата“, изјави Меркел.