Свет 19. април 2018. / 14:38

Андреј Новаков избран за главен преговарач на ЕУ за структурните фондови

Андреј Новаков избран за главен преговарач на ЕУ за структурните фондови

Бугарскиот европратеник Андреј Новаков е избран за главен преговарач за структурните инвестициски фондови на ЕУ за периодот по 2020 година.

Новаков, кој е член на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија на бугарскиот премиер Бојко Борисов, е избран на оваа функција во рамки на тековната пролетна сесија на Европскиот парламент.

Се очекува вредноста на структурните фондови на ЕУ за периодот 2021-2027 година да изнесува над 300 милијарди евра.

Како што јави БТА, Новаков ќе биде одговорен за преговорите околу законските предлози на Европската комисија за овие фондови, како и за функционирањето, дозволените олеснувања и условите за финансирање на проекти.

За заменик на Новаков е избрана европратеничка Констанца Крел од Социјалдемократската партија на Германија (СПД).