Свет 31. јули 2020. / 12:08

Амстердам и Ротердам воведуваат задолжително носење маска

Амстердам и Ротердам воведуваат задолжително носење маска

Холандските градови Амстердам и Ротердам воведоа задолжително носење заштитна маска на најпосетените места, со цел да се ограничи ширењето на корона вирусот.

Владиниот тим надлежен за управување со пандемијата оценил дека не е неопходно да се воведе задолжително носење маска за целата држава, оставајќи ги регионалните власти да преземат таква мерка доколку сметаат дека е потребно.

Заедно со скандинавските земји, Холандија е една од последните европски земји кои се уште се спротивставуваат на општо носење маска.

Со новата одредба, носењето маска на најпосетените места ќе биде задолжително од 5 август.

Во Ротердам од 5 август ќе биде задолжително да се носат маски во трговски квартови или трговските центри.

Регулативата и во двата града се однесува на лица над 13 години, а прекршителите ќе мора да платат казна.