Свет 09. ноември 2020. / 23:46

Амнести Интернешнал бара од САД да престане со продажбата на дронови на ОАЕ

Амнести Интернешнал бара од САД да престане со продажбата на дронови на ОАЕ

Амнести Интернешнал предупредува дека САД може да е причината за брзорастечкиот број на цивилни жртви во Јемен и Либија, поради американските дронови користени од силите на Обединетите Арапски Емирати.

Амнести Интернешнал и јавно побара од САД да ја прекине продажбата на 18 софистицирани вооружени MQ-9B дронови на ОАЕ, веднаш по објавување на доказите дека претходната употреба на дронови довела до смртта на голем број цивили.

Филип Насиф, директорот на Амнести за Блискиот Исток и Северна Африка, изјави дека САД ризикува да биде соучесник во можни воени злосторства во Јемен:

– САД мора веднаш да се повлече од продажбата на оружје кое се користи во овие два конфликти и да престане да испраќа оружје до ОАЕ, во спротивно ризикува да биде соучесник во извршување на воени злосторства, изјави Насиф.

Стејт Департментот на САД го извести конгресот за продажбата вредна 2.9 милијарди долари претходната недела, додека неколку недели претходно беше објавено дека се размислува за продажба на Ф-35 авиони за ОАЕ.

Во извештајот на Амнести стои дека дроновите се употребувани за напади врз здравствени и образовни институции и имаат предизвикано смрт на голем број на цивили, меѓу нив и деца.

Конфликтот во Јемен трае од 2015 година, додека во Либија борбите започнаа веднаш по падот на Гадафи во 2011-та.