Американските војници, по шестмесечно присуство, напуштиле две бази на североистокот од Сирија и тргнале во насока на Ирак, пренесува сириската државна агенција „Сана“.
Како што се наведува, 40-ина камиони со воена техника ја напуштиле базата „Храб ал-Џир“ во областа Ал-Маликија во провинцијата Хасека и се упатиле во насока на границата меѓу Ирак, Сирија и Турција, во близина на нелегалниот граничен премин Ал-Валид.
Истовремено, 50 камиони со воена техника ја напуштиле базата што се наоѓа во градот Ал-Шадади и тргнале на север кон истиот граничен премин со ирачките територии.
„Сана“ истакнува дека определен број камиони стигнале во базата во Ал-Шадади од југоистокот на Сирија, од провинцијата Дери ез-Зор, и дека ова се првите чекори за конечно повлекување на, како што велат, окупаторските сили, но не наведуваат извори за тие информации.