Свет 14. ноември 2019. / 15:07

Американските граѓани должат рекордни 14 илјади милијарди долари

Американските граѓани должат рекордни 14 илјади милијарди долари

Долгот на домаќинствата се зголеми за 0,7 проценти во последниот квартал, што е продолжување на петгодишниот раст.

Американските домаќинства имаат рекорден долг од 14 илјади милијарди долари во хипотеки, кредитни картички и студентски заеми.

Долгот на домаќинствата се зголеми за 0,7 проценти во последниот квартал, што е продолжување на петгодишниот раст, поттикнат од ниската невработеност, силната доверба на потрошувачите и ниските трошоци за задолжување.

Долгот на потрошувачите сега е 1,3 илјади милијарди долари поголем од претходниот максимум во 2008 година, иако овие бројки не се прилагодени за инфлацијата и денешниот БДП.

Станбените хипотеки учествуваат со најголемиот дел од долг или 9,44 илјади милијарди долари.