Свет 07. септември 2018. / 11:48

Американските борбени авиони ги пресретнаа руските над Арктичкиот Океан

Американските борбени авиони ги пресретнаа руските над Арктичкиот Океан

Руските стратешки авиони туполев-95 полетаа над Арктичкиот Океан, Беринговото Море и Охотското Море, и во одредени моменти биле следени од американските борбени авиони Ф-22, потврди денес руското Министерство за одбрана.

Портпаролот на американската Северна команда и на северноамериканската воздушна одбрана (NORAD) претходно изјави дека американските Ф-22 пресретнале два руски Ту-95 во саботата, објави агенцијата Тас.

Руското министерство соопшти дека летовите на Ту-95 биле рутински над неутралните води на Арктикот, Црното Море, Атлантикот и Пацификот и во согласност со меѓународното право.