Свет 02. август 2020. / 22:48

Американските астронаути успешно слетааа користејќи ја капсулата на „Спејс Икс“ на Маск

Американските астронаути успешно слетааа користејќи ја капсулата на „Спејс Икс“ на Маск

Двајцата американски астронаути, Даг Харли и Боб Бенкен по 62 дена поминати во Вселената слетаа во водите блиску до брегот на Флорида.

Успешното слетување значи дека Америка има целосно функционален систем за испраќање на луѓе во орбитата и назад“, коментираат американските медиуми.

Мексиканскиот Залив беше избран за слетување на капсулата бидејќи НАСА од одлучи таа да биде одалечена од ураганот Исаја, кој оди кон брегот на Флорида.

Харли и Бенкен заминаа на Меѓународната вселенска станица (ISS) кон крајот на мај користејќи ја капсулата на приватната компанија „Спејс Икс“ на Илон Маск.