Свет 07. април 2018. / 12:55

Американскиот трговски дефицит го достигна највисокото ниво

Американскиот трговски дефицит го достигна највисокото ниво

Трговскиот дефицит на САД порасна во месец февруари, шести месец по ред, достигнувајќи го највисокото ниво од октомври 2008 година.

Трговскиот дефицит во февруари е зголемен на 57,6 милијарди долари од 56,7 милијарди од јануари, соопшти американското Министерство за трговија, пренесуваат медиумите.

Извозот на стока и услуги достигна рекордни 204,4 милијарди долари, а увозот рекордни 262 милијарди долари.

Дефицитот во трговијата со стока со Кина, како политичко чувствително прашање е намален во февруари на 29,3 милијарди долари од 36 милијарди од јануари.

Кина и САД, двете најголеми светски економии, моментално се вмешани во трговски спор кој ги вознемири инвеститорите ширум светот.