Американскиот секретар за одбрана, Марк Еспер, изјави дека кинеските лидери лажеле и не биле транспрентни за епидемијата со корона вирус.
Еспер потенцира дека Кинезите ни сега не се искрени и дека му е тешко да верува во информациите што доаѓаат од Комунистичката партија на Кина.
Тие лажеа и не беа транспарентни од првиот ден откако се појави вирусот. Така што не верувам дека сега ни ја кажуваат вистината – потенцира Еспер.