Американскиот министер за здравство, Алекс Азар поднесе оставка, оценувајќи дека минатонеделниот напад врз зградата на Конгресот на Капитол Хил во Вашингтон е напад врз демократијата.
Тој исто така рече дека нападот врз Конгресот „може да го оцрни наследството на администрацијата“, пренесува Си-Ен-Ен.
Во оставката до американскиот претседател Доналд Трамп на 12 јануари, Азар ги навел и успесите на администрацијата, вклучително и брзиот развој на вакцина и терапија на коронавирусот, за кои рекол дека спасиле стотици илјади, па дури и милиони американски животи.
Тој ќе остане на позицијата министер за здравство се додека новиот претседател на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден не ја преземе функцијата на 20 јануари.