Свет 07. јануари 2020. / 21:57

Американскиот државен секретар за одбрана: Не сакаме војна со Иран, ама сме подготвени за војна

Американскиот државен секретар за одбрана: Не сакаме војна со Иран, ама сме подготвени за војна

Американскиот државен секретар за одбрана Марк Еспер изјави дека Соединетите Американски Држави сакат да се намалат моменталните тензии со Иран, но и дека се подготвени да ја довршат секоја војна која би зпочнала.

Не сакаме да започнеме војна со Иран, но сме подготвени да ја завршиме, рече Еспер.

Она што сакаме да го видиме е деескализација на ситуацијата, истакна тој. Претходно, медиумите пренесоам дека ставот на Еспер е спротивен со тој на Трамп во однос на ситуацијата со Иран.