Стејт департментот соопшти дека американскиот државен секретар Мајк Помпео ќе отпатува во Северна Кореја на нови разговори за денуклеаризација на земјата.
Потпаролката на Стејт департментот Хедер Нојерт изјави дека Помпео во недела ќе разговара со севернокорејскиот лидер Ким Џонг – ун.
– Помпео од 6 до 8 октомври исто така ќе ги посети и Јапонија, Јужна Кореја и Кина и ќе ги извести за посетата на Северна Кореја, информира Нојерт.