Свет 10. септември 2019. / 21:16

Американски сојузни држави покренуваат истрага против Гугл

Американски сојузни држави покренуваат истрага против Гугл

Група американски држави предводени од Тексас објавија почеток на истрага за пазарната моќ на Гугл и дали таа компанија неправедно ја потиснува конкуренцијата и им нанесува штети на потрошувачите.

Само неколку дена порано друга група на држави објавија дека ја истражуваат пазарната доминација на Фејсбук.

Истрагатa која ја води државното обвинителство во скоро сите сојузни држави ги проширува антимонополските истраги против технолошките гиганти на ниво на федерални и конгресни истраги и казни кои им ги изрекуваат европските регулатори.

Државниот обвинител на Тексас, Кен Пакстон, истрагата против Google ја објави на конференција во Вашингтон.

Главната компанија на Гугл, Алфабет има пазарна вредност поголема од 820 милијарди долари и контролира толку многу аспекти на интернет што е скоро невозможно да се сурфа на мрежа а да не се наиде барем на некои од нејзините услуги.