Свет 01. април 2020. / 12:21

Американски лекари: Освен белите дробови корона вирусот сериозно го напаѓа и срцето

Американски лекари: Освен белите дробови корона вирусот сериозно го напаѓа и срцето

Американски научници утврдиле дека корона вирусот по белите дробови сериозно го напаѓа и срцето.

Во текстот објавен во британски „Сан“ се вели дека корона вирусот може да предизвика сериозни срцеви проблеми дури и кај оние луѓе коишто претходно немале никакви проблеми со срцето. Како што истакнуваат експертите, корона вирусот може да има кобни последици за луѓето кои имаат кардиоваскуларни болести или висок притисок.

Дури и никогаш да сте немале срцеви проблеми, коронавирусот може да влијае на срцевиот мускул. Потврдено е дека повреда на срцевиот мускул може да му се случи секому, без оглед дали имал кардиоваскуларни проблеми. Сепак, ризикот е многу поголем кај оние пациенти кои веќе имаат дијагностицирано срцева болест – вели д-р Мухамед Маџид од Научно-истражувачкиот здравствен центар во Универзитетот во Тексас.

Д-р Маџид додава дека заразата со вирусот Ковид-19 може да предизвика срцев удар кај пациентот, а инфекцијата може да доведе и до воспаление на слузницата на срцето, како и до воспаление на срцевиот мускул.