Свет 13. април 2018. / 14:28

Aмерикански извидувачки авиони забележани во близина на руските бази во Сирија

Aмерикански извидувачки авиони забележани во близина на руските бази во Сирија

Седум американски извидувачки авиони се забележани во близина на сирискиот брег и тоа во источното Средоземно море каде што се распоредени руските бази во Сирија, „Хмеим“ и „Тартус“, пренесуваат руските медиуми.Летовите на американските авиони ги забележала и агенцијата за мониторинг на летовите „Мил Радар“, пренесуваат руските медиуми.

Станува збор за шест противподморнички авиони од типот П-8А “посејдон“, кои полетале од авиобазата Сигонела на Сицилија, како и за еден авион за радиоелектронско извидување ЕП-3Е „ариес два“, кој полетал од грчкиот остров Крит.

Медиумите потсетуваат дека и претходно американската телевизија „Си-Ен-Би-Си“, повикувајќи се на неименуван извор запознаен со ситуацијата во Сирија, изјавил дека САД размислуваат да нападнат осум различни цели во Сирија, пренесува „Спутник“.

Се уште никој официјално не се огласил за ова.