Научниците од Националната академија на науките во САД тврдат дека заразата со корона вирусот, освен по пат на респираторни капки кои произлегуваат преку кашлање или преку кивање, се шири и преку дишење ист воздух во една иста просторија.
Ваквото тврдење на научниците било наведено и во извештајот кој бил испратен во Белата куќа, а како што напишал поранешниот декан на Универзитетот Харвард, Харви Фајберг, воздухот што заразените пациенти го испуштаат при дишење е подеднакво опасен како и респираторните капки што произлегуваат од кашлање или од кивање.
Тој го смета за точно истражувањето кое неодамна било спроведено во една кинеска болница, а кое докажало дека вирусот може да се задржи во воздухот исто како што се задржува на другите површини.
Според Фајберг, фактот дека корона вирусот се пренесува и по пат на воздухот би можело да се смета за одговор на прашањето зошто Ковид-19 е толку многу заразен и како толку брзо се шири од човек на човек.