Свет 15. јуни 2020. / 14:05

Американски борбен авион Ф-15 се урна во Северното Море

Американски борбен авион Ф-15 се урна во Северното Море

Авион на американските воздухопловни сили се урнал недалеку од брегот на Велика Британија, кај Јоркшир.

Несреќата се случила за време на вежбање на формација.

„Скај њуз“ пишува дека авионот „Ф-15“ се урнал во Северното Море, а веб-страницата што го следи движењето на авионот регистрирала како авионот кружел во таа област.

Американските воздухопловни сили соопштија дека се во потрага по пилотот.