Свет 31. јули 2020. / 09:31

Американската војска ќе се вакцинира против Ковид-19 со вакцината на британскиот производител „Глаксо“

Американската војска ќе се вакцинира против Ковид-19 со вакцината на британскиот производител „Глаксо“

Пентагон соопшти дека потпишал договор вреден 342 милиони американски долари со британскиот фармацевтски гигант „Глаксо Смит Клајн“ (ГСК) – (GlaxoSmithKline) за снабдување со „масовни количини вакцини против Ковид-19 за американската војска“.

Во соопштението се наведува дека ГСК е единствената компанија што доставила понуда според договорот, што би се состоело од доставување на вакцината до „персоналот во воени објекти во САД и пошироко“.

Договорот ќе биде реализиран во Северна Каролина „со проценет датум на завршување на 28 февруари 2021 година“, се вели во соопштението на Пентагон.

Американската армија ќе го контролира спроведувањето на проектот.