Американската влада ја удвои својата инвестиција на скоро милијарда долари во развојот на потенцијална вакцина против коронавирусот, во американската фармацевтска компанија „Модерна“, која влегува во последната фаза на клиничкото испитување.
„Модерна“ доби 483 милиони долари во април, кога производството на вакцината беше во рана фаза, а Американската федерална агенција за фармацевтски технологии сега се обврза да издвои уште 472 милиони долари, пренесува Танјуг.
Компанијата соопшти дека има намера да спроведе многу пообемно клиничко тестирање во третата фаза од предвиденото.
„Модена“ денеска почнува со тестирање на потенцијална вакцина врз 30 000 луѓе, пренесува Ројтерс.