Според најновите податоци на Министерството за економија на САД, БДП паднал за 4,8 проценти во првиот квартал од оваа година, што е прв пад на американската економија во последните шест години.
Исто така, тоа е најголем квартален пад по 12 години, или од Големата рецесија од 2008 година. Во кварталот, за кој беа објавени загрижувачки податоци, започна коронакризата и економијата во Соединетите држави во голема мерка е затворена.
Според американските медиуми, падот на потрошувачката во овој квартал е 7,6 отсто, што е најголем пад од 1980 година.