Свет 15. јули 2020. / 10:12

Американската администрација се договори со универзитетите: Онлајн студирањето за странските студентие останува во сила

Американската администрација се договори со универзитетите: Онлајн студирањето за странските студентие останува во сила

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече новите услови за останување на странските студенти во државата. До одлуката дојде, откако универзитетите Харврад и Техничкиот институт од Масачусетск поведоа судска постапка против последната одлука.

Повлекувањето на одлуката претставува утеха за илјадници странски студенти, кои се соочуваа со ризик од депортација.

Минатата недела администрацијата одлучи дека секој странски студент ќе мора да посетува барем еден курс со непосредна настава. Тоа ги предизвика универзитетите, кои требаше да ги менуваат веќе утврдените планови за настава како одговор на пандемијата од Ковид-19. Студентите, пак, беа соочени со можноста да бидат принудени да го прекинат образованието, а кај некои дури и во последната година од студиите, практичната обука и конкретни истражувачки проекти.

Харвард и ТИМ поднесоа барање за стопирање на одлуката и за време на сослушувањето во Федералниот суд во Бостон, судијата објави дека универзитетите и федералната администрација постигнале спогодба. Судијата Алисон Броуз потврди дека двете страни се договориле администрацијата да се „откаже од таа политика“ и да бидат вратени во сила претходните одлуки донесени пролетва.