Свет 18. ноември 2020. / 20:41

Американска и германска компанија имаат вакцини со 95 отсто ефикасност

Американска и германска компанија имаат вакцини со 95 отсто ефикасност

Американската фармацевтска компанија „Pfizer“ и германската „BioNTech“ по завршените клинички испитувања на заедничката вакцина против коронавирус соопштија дека нејзината ефективност е на ниво од 95 отсто, соопшти денеска Си-ен-би-си повикувајќи се на изјави од компаниите.

Претходно се велеше дека ефективноста на оваа вакцина е 90 отсто.

-Нашата вакцина … дава високо ниво на заштита од Ковид-19 на само 29 денови по земањето на првата доза, соопшти генералниот директор на „BioNTech“, Угур Сахина.

Според произвидителите, ефективноста на вакцината е еднаква за сите возрасти, раси и националности.

Сепак, се наведува дека ефективноста на вакцината кај луѓето во поодмината восраст, кои се во ризичната група, е некаде пониска од 94 проценти.