Свет 08. јуни 2020. / 20:00

Американска докторка која 90 дена е позитивна: Сетилата за вкус и мирис се уште не ми се вратиле

Американска докторка која 90 дена е позитивна: Сетилата за вкус и мирис се уште не ми се вратиле

Докторката Колин Кивлахан знаела дека ќе биде позитивна на тестирањето за корона вирус оној момент кога тоа утро излегла од својата куќа во Сан Франциско и почувствувала дека мириса на шумски пожар, симптом кој може да е придружник на губењето на сетилото за мирис, пишува „СФ кроникл“.

Колин припаѓа на мошне мала група на луѓе кои и 90 дена по тестирањето на вирусот и понатаму се позитивни.

Иако симптомите се лесни, тие сѐ уште се тука. Јас сум дел од мошне малата група на „упорно позитивни“ луѓе – изјавила д-р Кивлахан, извршна директорка за примарна нега на УК Сан Франциско, САД.

Таа сведочела за болеста на своите колеги, од кои 60 биле заразени со коронаврусот, заедно ги поминувале тешките моменти, но по неколку недели се вратиле на работа. Нејзините најлоши симптоми поминале без хоспитализирање и респиратор. Дури може и да стане од креветот и да се качува по скалите. Во изолацијата е од 6 март и не знае кога таа ќе заврши.

Не знаеме зошто сум упорно позитивна и кога ќе бидам негативна – вели Кивлахан во разговорот за „Сан Франциско кроникл“.

Доктор Питер Чиун-Хонг, специјалист за заразни болести за „СФ кроникал“ рекол дека првпат слушнал пациент сè уште да биде позитивен, три месеци по инфекцијата.

Во рок од 8 дена од појавата на симптомите, вирусот нормално умира. Би бил шокиран ако тој е уште жив. Имам чувство дека станува збор за упорни фрагменти на вирусот. Но, никој не знае со сигурност – рекол д-р Чиун-Хонг.

Докторката не знае кога се заразила. Мисли дека тоа било кога помагала во службата за итен пример на УКСФ клиниката. Секогаш имала маска на лицето како и нејзините пациенти, но достапен тест на корона вирус тогаш немало.

Како шефица на примарната нега, д-р Кивлахан надгледува стотина лекари и илјадници пациенти. Била меѓу 12 челници на УК Сан Франциско кои присуствувале на првиот стратешки состанок за соочување со пандемијата која штотуку настапувала.

Три дена откако ги прегледала пациентите со стандардни симптоми на ковид-19, докторката почнала да ги чувствува симптомите – ѝ било ладно и добила темпетарута. Дома пристигнала точно кога почнала да кашла и кога се појавиле проблемите со дишењето.

Останала дома и почнала да води дневник за симптомиите кои ги чувствувала во текот на болеста. Се разболел и нејзиниот сопруг. После 12 дена ѝ било подобро, но потоа настапил вториот бран на болеста, го изгубила гласот и постојано кашлала. Толку се потела така што постелнината ја менувала два пати ноќе.

На 26 март била тестирана и тестот бил позитивен. Неколку часа по дијагнозата ги изгубила сетилата за мирис и вкус. До денес, сетилата не ѝ се вратиле.

Константно чувствувам лажен мирис на пожар околу мене. Ноќите беа страшни, деновите беа подобри. Не сакав во болница. Стапката на смртност на постарите интубирани пациенти беше многу висока – раскажува таа.

На нејзиниот сопруг му дијагностицирале ХМПВ, но никогаш не напреднал до ковид-19, што е сосема мистериозно.

Сега брачниот пар Кивлахан е вклучен во студијата за парови каде едниот пар е тестиран позитивно, а другиот не.