САД во средата повторно го отворија дипломатскиот конзулат во главниот град на Гренланд, вториот конзулат на стратешката локација покрај Исланд. Ова следува како дел од неодамнешниот притисок од Белата куќа за проширување на американското присуство на Арктикот за да се спречи руското и кинеското влијание.
– Нашето просуство во Нук ќе го зголеми просперитетот што го делиме со нашите пријатели во Данска и на Гренланд додека работиме заедно со други арктички сојузници и партнери за стабилност и одржлив развој на регионот, изјави државниот секретар на САД, Мајк Помпео.
Ледената територија помеѓу Атлантскиот и Арктичкиот Океан е во голема мера автономна, но Данска управува со надворешните работи, одбрана и монетарна политика.
Американците последен пат имаа конзулат таму од 1940 до 1953 година.