По две години од претседателските избори , Американците денеска излегоа на конгресни избори , на кои ќе го бираат составот на целиот Претставнички дом и третина од Сенатот.
Први беа отворени гласачките места во државите Мејн , Њу Хемпшир, Њу Џерси, Њу Јорк и Вирџинија на источниот брег. Американците ќе избираат претставници во Конгресот и во речиси сите парламентарни сојузни држави, како и гувернери во 36 од 50 држави.
Избирачките места се затвораат во 18 часот по локално време на источниот брег , а на западниот брег шест часа подоцна. Веќе околу 1.30 минути по средноевропско време ќе се знаат резултатите од изборите .
Според медиумите, резултатите од Вирџинија би биле показател и за другите држави кому ќе му припадне Долниот дом во Конгресот. Се предвидува дека тука би можеле да имаат предност Демократите.
Најголема напнатост ќе има околу 2 часот наутро по наше време кога би требало да се знаат резултатите од гласањето за сенатори во државите Мисури и Тенеси , кои се решавачки за мнозинството во Сенатот.
Што се однесува до Конгресот , ќе решаваат резултатите од Пенсилванија, Њу Џерси и Илиноис.
Интересна битка ќе се води и во Тексас , каде за сенаторско место на Демократите се кандидира поранешниот басист во панк група Бет’О Рурк , наспроти републиканскиот фаворит , сенатор и втор најјак кандидат на претседателските избори , Тед Круз.