Свет 01. март 2020. / 20:15

Американците бегаат од скапите градови: Овие се 10 најповолни каде се селат

Американците бегаат од скапите градови: Овие се 10 најповолни каде се селат

Многу Американци ги напуштаат скапите крајбрежни градови, како што се  Сан Франциско, Лос Анџелес и Њујорк, пренесува CNBC.

Во извештајот на Редфин, компанија за недвижнини, за миграција за четвртиот квартал од 2019 година, се анализирани повеќе од еден милион корисници во 87 метрополитски области низ САД меѓу октомври и декември минатата година.

Податоците покажуваат дека клиентите на Редфин од скапите градови, како што се Сан Франциско или Сан Диего, бараат куќи во поевтини области каде сè уште има бенефиции за градовите, како Остин или Феникс.
Ова не изненадува, бидејќи Калифорнија е една од најскапите држави во САД, а нејзините граѓани постојано се жалат на астрономскиот пораст на цените на становите.

Едно од местата што неодамна стана популарно е Портланд, Орегон.

„Портланд има најприфатлива средна цена за дом меѓу градовите на Западниот брег, што ја прави атрактивна дестинација за оние што заминуваат од скапите градови“, се вели во извештајот на Редфин. Тој град нуди и можности за кариера.

Еве ги градовите кои, наводно, се барале од преместување од следниве причини: Нешвил во Тенеси, Бостон во Масачусетс, Тампа во Флорида, Портланд во Орегон, Далас и Остин во Тексас, Атланта во Џорџија, Лас Вегас во Невада, Сакраменто во Калифорнија и Феникс, Аризона.

Во извештајот се земени предвид податоците за просечната цена на куќите во однос на просечните приходи во градовите.