Aмериканскиот гигант за електронска трговија најави дека ќе создаде нови работни места на повеќе од 50 локации.
Американскиот мрежен продавач на мало, Амазон, годинава ќе отвори 7.000 нови постојани работни места во Велика Британија. На тој начин, оваа година бројот на новосоздадени работни места на таа компанија во Велика Британија ќе достигне вкупно десет илјади, пренесува Б92.
Американскиот гигант за електронска трговија најави дека ќе создаде нови работни места на повеќе од 50 локации, вклучително и отворање на канцеларии на компании и два нови центри за исполнување на нарачки, во североисточните и централните области на Англија.