Свет 20. април 2020. / 08:58

Амазон со термални камери во своите складишта ќе ги контролира вработените за Ковид-19

Амазон со термални камери во своите складишта ќе ги контролира вработените за Ковид-19

Американскиот гигант во онлајн трговијата „Амазон“ почна да користи термокамери во своите магацини заради проверкa на работниците за зголемен телесна температура, еден од најчестите симптоми инфекција со вирусот Ковид-19.

Ваквата мерка на „Амазон“ доаѓа откако има пријавено дека во повеќе од 50 складишта на компанијата во САД има случаи на заразени со корона вирус. Поради тоа, некои работници се загрижени за своето здравје и почнаа протести. Синдикатите и претставниците на вработените ја повикаа компанијата да ги затвори објектите.

Американските власти му дадоа на „Амазон“ зелено светло за испорака на стоки во време кога на сила се мерки за изолација во целата земја.

Во Франција, пак, компанијата привремено затвори шест свои центри за дистрибуција поради спор со работниците околу мерките за спречување на ширењето на корона вирусот.