Амазон планира вработуање на уште 30 000 луѓе со полно и половина работно време во одделенијата за корпорација, технологија и работа со клиенти.
Новите работни места не се дел од сезонското вработување на Амазон , а од компанијата велат дека на овој потег се решиле за да ги задоволат хаотичните барања на потрошувачите за време на претстојните празници.
Поделбата на работните места ќе биде извршена на т.н. Ден на кариерата на 17. септември во Вирџинија, Бостон, Чикаго, Сиетл и во други американски градови.
Минатата година Амазон објави дека ќе ја зголеми минималната надница на час на 15 американски долари за сите вработени, но не беа сите задоволни. Имено, работниците организираа протест, поттикнат од лошите работни услови и платите.
Работниците во магацините на Амазон тврдат дека нивните работни места се физички и психички исцрпувачки, дека сакаат повисоки плати, повисоко ниво на безбедност при работа и третман на повредени работници.
Акциите на компанијата денес се зголемија за помалку од еден процент и се зголемени за 22 проценти од јануари. Компанијата Амазон има пазарна вредност од околу 907 милијарди долари.