Свет 19. септември 2018. / 21:14

„Али“ удри по Британија и Ирска – има загинати (ВИДЕО)

„Али“ удри по Британија и Ирска – има загинати (ВИДЕО)

Во силната бура наречена „Али“, што ги зафати западните делови на Британија и Ирска, загинаа две лица.

Силната бура донесе ветриштта кои дуваат со брзина од 160 километри на час. Една жена загина кога возилото и беше одуван од силниот ветар , а маж загина од дрво кое паднало врз него.

Една жена е повредена , кога дрво паднало врз нејзиниот автомобил. Илјадници домови се без струја , а на сила е црвен аларм за жителите на Северна Ирска , Шкотска и северна Англија.